Македонија добра бизнис дестинација за инвестирање

Bez autora
Sep 12 2013

Австриските компании што работат во нашата земја сметаат дека Република Македонија е добра дестинација за привлекување на странски директни инвестиции (СДИ). Посочуваат дека Македонија има направено многу во подобрување на бизнис-климата, но дека се уште има некои работи кои треба да се подобрат. Ваква оценка која доаѓа од компании со капитал од еден од најголемите инвеститори во Македонија, е задоволителна и покажува дека австрискиот капитал и натаму ќе влегува во нашата земја, а што ќе резултира со уште повеќе вработувања. Герхард Шлатл, трговски аташе во Австриската амбасада во Скопје ги презентираше резултатите од анкетата спроведена меѓу над 45-те компании со австриски капитал што се основани во Македонија.

Македонија добра бизнис дестинација за инвестирањеАвстриските компании што работат во нашата земја сметаат дека Република Македонија е добра дестинација за привлекување на странски директни инвестиции (СДИ).

Посочуваат дека Македонија има направено многу во подобрување на бизнис-климата, но дека се уште има некои работи кои треба да се подобрат.

Ваква оценка која доаѓа од компании со капитал од еден од најголемите инвеститори во Македонија, е задоволителна и покажува дека австрискиот капитал и натаму ќе влегува во нашата земја, а што ќе резултира со уште повеќе вработувања.

Герхард Шлатл, трговски аташе во Австриската амбасада во Скопје ги презентираше резултатите од анкетата спроведена меѓу над 45-те компании со австриски капитал што се основани во Македонија. Тој најави дека интерес има и за нови инвестиции, односно дека се разговара со 2-3 компании за влез на македонскиот пазар.

- Не може да се очекува тоа да се големи производствени објекти, но се од услужниот сектор вработуваат многу луѓе - рече Шлатл, кој очекува да се пројави интерес за инвестирање и од присутните компании на одржаниот бизнис форум во Виена, минатата недела на кој беа претставени бизнис можностите во Македонија.

На прашањето: Како ја оценувате моменталната економска состојба во Македонија?, 55% од анкетираните се изјасниле дека таа е задоволителна, 12% рекле дека е добра, а 3% се изјасниле дека е многу добра. Во однос на предвидувањата за економската состојба во Македонија во 2014 во однос на оваа година, 55% рекле дека очекувањата се да биде слична како 2013, а 27% се изјасниле дека ќе биде подобра. Само 3% рекле дека може да биде многу подобра од 2013.

Запрашани како го оценуваат досегашниот развој на Македонија во однос на привлекувањето на странски инвеститори, 58% рекле дека е задоволителен, 27% дека е добар, 6% се изјасниле дека е многу добар.

Австриските компании посочиле дека најважни стопански фактори за македонскиот пазар се платежниот морал, инфраструктурата, борбата против корупцијата, квалитетот на работната сила, царинскиот систем, ЕУ-интеграциите, државниот систем на субвенции.... Од посочените фактори компаниите најзадоволни се од квалитетот на работната сила, од расположивоста на локалните добавувачи, процедурите за добивање дозвола, флексибилност на работно-правните прописи, царинскиот систем и управа, а најнезадоволни се од платежниот морал и ЕУ интеграциите.

Што се однесува до очекувањата и желбите што ги упатуваат до македонската влада, за намалување на бирократијата се изјасниле 69%, а 66% се за правната сигурност. Подобрување на инфраструктурата очекуваат 53%, за справување со корупцијата 47%, за забрзување на ЕУ интеграциите 44%, а за политичка стабилност 38%.

Вкупната вредност на директните инвестиции од Австрија во Македонија (заклучно со првиот квартал 2013) изнесуваа 484,39 милиони евра. Австрија е втор по големина најголем инвеститор во Македонија после Холандија, следат Грција, Словенија и Унгарија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik